Совети при работењето
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
- При работа носете заштитни ракавици. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите.
- Внимавајте на струготините настанати од сечењето. Струготините имаат остри врвови, на кои може да се повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го електричниот апарат вертикално на површината на лимот и не го навалувајте.
Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот. Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави втиснувачот, исклучете го електричниот апарат, подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат втиснувачот и матрицата.
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата бројот на одови ќе се намали или електричниот апарат ќе се исклучи. При намален број на одови, електричниот апарат повторно работи со полн број на вртежи, дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го.