Ставање во употреба

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.

Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.

Вклучување/исклучување

Конструкција на прекинувачот со блокада

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.

За заклучување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (3) нанапред ➍.

За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа отпуштете го.

Конструкција на прекинувачот без блокада

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌.

За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).