Промена на алат

Капакот за заштита од прав (3) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.

Замена на алат SDS plus

Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види слика B1)

Со SDS plus главата за дупчење (1) може едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.

  • Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
  • Алатот за вметнување ставете го со вртење во прифатот на алат (2) додека самиот не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.

Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.

Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види слика B2)

  • Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.