Ставање во употреба

Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.

За да се овозможи оптимален капацитет на всисување, мора секогаш целосно да го одвиткате цревото за всисување (13) од држачот на цревото за всисување (27).

Вклучување/исклучување

Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).

За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).

Поради безбедносни причини всисувачот не се вклучува, ако го држите притиснато копчето за вклучување-исклучување (3) подолго од 5 s.