Ставање во употреба

Работното светло ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Може да постигнете особено добри резултати од сечењето со користење на работното светло заедно со ознаката на линијата за сечење со ласерските зраци.

  • Вклучете го работното светло со прекинувачот (5).
  • Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

  • За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Soft Start ја ограничува моќноста кога е вклучен електричниот алат и овозможува работа со осигурувач од 16 А.

Напомена: доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, Soft Start не функционира. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба.