Полнење на USB-надворешни уреди (види слика B)
Со помош на USB-приклучоците на батерискиот адаптер (1) може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат акумулаторски батерии, како на пр. мобилни телефони, MP3-плеер или таблет.
- Проверете дали може да се полни Вашиот надворешен USB-уред со USB-приклучок на батерискиот адаптер. Притоа внимавајте на информациите дадени во „Технички податоци“.
- Вметнете го кабелот за полнење на вашиот USB-уред во USB-конекторот (2) на батерискиот адаптер (1).
- Притиснете го копчето за вклучување (5) за активирање на батерискиот адаптер. Копчето за вклучување (5) свети.
Доколку не е приклучен кабел за полнење, по 30 секунди USB-приклучокот автоматски се деактивира. Копчето за вклучување (5) се гаси.
За да заштедите енергија, по завршување на постапката за полнење автоматски се деактивираат USB-приклучоците.