Употреба
- Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “.
- Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
- По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
-
Електричниот алат не го користете со држач за сечење.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.