Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање во хоризонтална положба
За веродостоен и точен резултат се препорачува проверката на точноста на нивелирање да се изведе на слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.
- Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба 30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
- По завршување на нивелирањето означете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
- Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените неговата позиција. Оставете го да се нивелира и обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅱ на ѕидот го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред за измерената оска.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерна линија од 30 m максималното дозволено отстапување изнесува:
30 m × ±0,1 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да изнесува најмногу 6 mm.