Функции

 Вртете ја линијата/точката во хоризонтална положба во ротационото ниво (види слика A)

При хоризонтална положба на мерниот уред, може да ја позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за 360°.

Свртете ја рачно ротационата глава (10) во саканата позиција или користете го далечинскиот управувач: за вртење во правецот на стрелките на часовникот, притиснете го копчето за вртење во правецот на стрелките на часовникот (23) на далечинскиот управувач, за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот, притиснете го копчето за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот (24) на далечинскиот управувач. Во ротационен режим, притискањето на копчето нема дејство.

 Вртење на ротационото ниво во вертикална положба (види слика B)

Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги вртите ласерската точка, ласерската линија или ротационото ниво за едноставно доведување во права линија или паралелно израмнување во опсег од ±8 % околу вертикалната оска.

За вртење во правец на стрелките на часовникот притиснете го копчето за вртење во правец на стрелките на часовникот (23) на далечинскиот управувач.

За вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот притиснете го копчето за вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот (24) на далечинскиот управувач.