Вметнување/замена на сечилото за пилата

Користете само сечила за пила со универзална основа од 1/2". Сечилото за пилата не треба да биде подолго отколку што е потребно за наменетото сечење.

Притиснете го сечилото за пила (1) силно во прифатот за сечило за пила (4), додека не слушнете да се вклопи. Притоа чаурата за блокирање (3) се врти за околу 90° и го блокира сечилото за пила.

Доколку сечилото за пила (1) не се блокира, свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката, додека не се блокира во отворена позиција и не се слушне кликнување. Потоа уште еднаш притиснете го сечилото за пила во прифатот за сечило за пила (4).

  • Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.

За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.

  • При вадењето на сечилото за пила држете го електричниот алат така што нема да се повредат лица или животни со исфрленото сечило.

Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката. Сечилото за пила (1) ќе се исфрли.