Напојување со енергија на надворешни уреди

USB-приклучок

Со помош на USB-приклучокот може да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни телефони). Максималната струја за полнење изнесува 2,1 A.

Отворете ја рачката за заклучување (8) и отворете го капакот (7) на преградата за медиумски датотеки. Поврзете го USB-приклучокот на надворешен уред преку соодветен USB-кабел со USB-конектор за полнење (11) (USB) на радиото.

При работење со батерија надворешниот уред може да се полни само ако е вклучено радиото.

При соодветна големина, надворешниот уред може да се складира за време на полнењето во преградата за складирање (6). Ако надворешниот уред се загрева за време на полнењето, тогаш отворете го капакот (7) на преградата за медиумски датотеки за да се заштити надворешниот уред од прегревање.

Ако полнењето е завршено одн. USB-кабелот е отстранет, тогаш повторно затворете го капакот (7), за да се заштити радиото од нечистотии.

Приклучок за наизменична струја

Со помош на приклучоците за наизменична струја можете да користите и други надворешни електрични уреди. Приклучниците може да бидат различни, во зависност од важечките прописи во земјата на користење.

Снабдувањето со енергија на надворешни уреди преку приклучок за наизменична струја е можно само со мрежен напојувач на радиото, а не преку вметната батерија. Ако радиото е приклучено на струја, за потврда свети зелената контролна сијаличка (3).

Збирот на максимално дозволената потрошувачка на струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја пречекори вредноста наведена во следната табела (погледнете го и натписот на куќиштето под поклопецот (4)):

Број на дел/артикл

Збир на максимална потрошувачка на струја (во A)

‎3 601 DA4 000‎‎‎‎

15

‎3 601 DA4 100‎‎‎‎

15

‎3 601 DA4 170‎‎‎‎

12

‎3 601 DA4 1W0‎‎‎‎

15

‎3 601 DA4 130‎‎‎‎

9

‎3 601 DA4 140‎‎‎‎

9

Отворете го заштитното капаче (4) на приклучоците за наизменична струја и ставете го приклучокот на надворешниот електричен уред во приклучница (5) на радиото.