Режим на аудио
За вклучување на радиото притиснете на копчето за вклучување/исклучување (15). Екранот се активира (16) и се репродуцира аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото.
За исклучување на радиото одново притиснете го копчето за вклучување/исклучување (15). Актуелната поставка на аудио изворот се зачувува.
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска гласност.
За да ја зголемите гласноста свртете го копчето Clock (14) (GPB 18V‑5 C) одн. копчето Menu (22) (GPB 18V‑5 SC) во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на гласноста свртете го во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста се појавува со вредноста помеѓу 0 и 30 на екранот. Пред подесувањето или менувањето на радиостаницата поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот на надворешен аудио извор поставете ја на средна вредност.
За исклучување на тонот можете кратко да го притиснете копчето Mute (12). На екранот се појавува приказот Исклучување на звукот (f).
За повторно да го вклучите тонот, повторно кратко притиснете го копчето за нечујно или свртете го копчето Clock (14) (GPB 18V‑5 C) одн. копчето Menu (22) (GPB 18V‑5 SC) во правецот на стрелките од часовникот.
За оптимална репродукција на тонот во радиото има вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените рачно или да ги користите претходните подесувања на бојата на тонот за различни стилови музика. Може да ги изберете претходно програмираните поставки JAZZ, ROCK, POP и CLASSIC како и самопрограмирачката поставка CUSTOM. Поставките на звукот одделно се зачувуваат за секој аудио извор.
За да изберете некое од зачуваните претходни подесувања за бојата на тонот, кратко притискајте на копчето Equalizer (20) додека на екранот не се појави саканата поставка во приказот за претходни подесувања за бојата на тонот (i).
Промена на поставката CUSTOM:
- Можете да го поставите нивото на висина и длабочина на звукот во опсег од −5 до +5.
- Притискајте на копчето Equalizer (20) подолго од 0,5 s. На приказот за претходни подесувања за бојата на тонот (i) на екранот се појавува CUSTOM.
- GPB 18V‑5 C: На приказот за висок тон/бас (d) се прикажува TRE, актуелната вредност на нивото на висок тон трепка. Притиснете го копчето Clock (14), за да го промените нивото на висок тон. Притискајте го копчето Clock (14), за да ја зачувате поставената вредност.
На приказот за висок тон/бас (d) сега се прикажува BAS како и актуелната вредност на басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за високиот тон. - GPB 18V‑5 SC: На мултифункционалниот приказ (k) се прикажува <Treble> и актуелната вредност на нивото на висок тон. Притиснете го копчето Menu (22), за да го промените нивото на висок тон. Притискајте го копчето Menu (22), за да ја зачувате поставената вредност.
На мултифункционалниот приказ (k) сега се прикажува <Bass> како и актуелната вредност на басот. Променете го и зачувајте го нивото на бас како што е опишано за високиот тон. - По зачувување на поставката за бас одн. 10 s по последното притискање на копчето Clock (14)/копчето Menu (22) радиото се враќа на стандардниот приказ на екранот.
За да изберете аудио извор притискајте го копчето Source (18) додека на екранот не се прикаже саканиот внатрешен одн. надворешен аудио извор:
- DAB: дигитално радио преку DAB+ (GPB 18V‑5 SC),
- FM: аналогно радио преку FM,
- AUX: надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер) преку 3,5 mm конектор AUX IN (10) во преградата за медиумски датотеки,
- : надворешен аудио извор (на пр. паметен телефон) со врска преку Bluetooth®.
Актуелниот аудио извор може да се види во приказот аудио извор (h) одн. приказот Bluetooth® (g).
За избор на радио станици со аудио извор DAB+ притискајте го копчето Source (18) додека во приказот аудио извор не се појави (h) DAB.
По кратка иницијализација, се репродуцира последната поставена радио станица.
Името на станицата се појавува во горниот дел од мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито.
- За Промена на станицата вртете го копчето Source (18) додека саканата станица не се прикаже на екранот. Притиснете го копчето Source (18) за да го потврдите изборот. Радиото менува до избраната станица.
Алтернативно за промена на станицата можете да го притиснете копчето за пребарување наназад (13) или копчето за пребарување нанапред (19).
- За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (17) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (c).
- За репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (17). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (c).
Напомена: ако имате проблеми со приемот, можете рачно да го започнете пребарувањето на DAB+-станицата. За таа цел, изберете или <Auto Scan> во менито или истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад (13) и копчето за пребарување нанапред (19). По завршувањето на пребарувањето на станици, 4 станици се зачувуваат на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните станици се презапишуваат.
Ако не може да се пронајде DAB+-радиостаница, се појавува <No DAB Station – Please Auto Scan> во мултифункционалниот приказ (k).
За избор на радио станици со аудио извор FM притискајте го копчето Source (18) додека во приказот аудио извор не се појави (h) FM.
GPB 18V‑5 C: За време на поставувањето радио фреквенцијата се појавува во временскиот приказ (j), а потоа во приказот за радиофреквенција (a).
GPB 18V‑5 SC: Фреквенцијата на репродуцраната станица се појавува соодветно во горниот дел на мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни информации ќе се прикажуваат во долниот дел од мултифункционалниот приказ, може да се постави во функцијата на менито.
При доволно јак прием на соодветен сигнал, радиото автоматски се префрла на стерео прием, на екранот се појавува приказот стерео прием (e).
- За поставување на одредена станица вртете го копчето Source (18), додека не се прикаже саканата фреквенција одн. саканата станица на екранот.
- За пребарување на следната станица со повисока јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (13) или копчето за пребарување нанапред (19). Следната пронајдена станица се прикажува на екранот и се репродуцира.
- За пребарување на сите станици со повисока јачина на сигнал притиснете го копчето за пребарување наназад (13) или копчето за пребарување нанапред (19) подолго од 0,5 s. Секоја пронајдена станица се репродуцира за 5 s, потоа пребарувањето се продолжува до крајот на фреквенциски опсег. За да го прекинете пребарувањето на станици, кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (13) или копчето за пребарување нанапред (19).
- За зачувување на подесена станица притиснете го копчето за зачувување на програма (17) на саканото место на зачувување додека не се појави бројот на местото на зачувување во приказот место на зачувување (c).
- За автоматско пребарување и зачувување на станицата со најсилен сигнал истовремено притиснете го копчето за пребарување наназад (13) и копчето за пребарување нанапред (19). Радиото ги проверува сите станици со прием и зачувува 4 станици со најдобар прием на местата на зачувување на програма од 1 до 4. Имајте предвид, дека веќе зачуваните станици се презапишуваат.
Ако е завршено пребарувањето, се репродуцира зачуваната станица на местото на зачувување на програма 1. - За Репродукција на зачувана станица кратко притиснете на едно од копчињата за зачувување на програма (17). Бројот на местото на зачувување се појавува во приказот место на зачувување (c).
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена (30). За време на работењето на радиото преку FM свртете ја антената во правецот, којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием.
Напомена: При работење на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди може да дојде до попречување на радио приемот.
Отворете ја рачката за заклучување (8) и отворете го капакот (7) на преградата за медиумски датотеки. Вметнете го 3,5 mm конекторот на AUX кабелот (9) во AUX IN-отворот (10). Приклучете го AUX кабелот на аудио извор кој одговара.
За репродукција на AUX аудио изворот притискајте го копчето Source (18) додека во приказот аудио извор (h) не се појави AUX.
За заштита од нечистотии повторно затворете го капакот (7) на преградата за медиумски датотеки и заклучете го ако го отстранувате приклучокот на AUX кабелот.
При соодветна големина можете аудио изворот приклучен преку AUX да го чувате и во фиоката за складирање (6).
Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата (17), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.
За репродукција на аудио извор (на пр. паметен телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето Source (18) додека не се појави приказот Bluetooth® (g) на екранот или независно од актуелниот аудио извор кратко притиснете го копчето Bluetooth® (21).
Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио извор. Веднаш штом ќе се воспостави врската, постојано свети приказот Bluetooth® (g).
GPB 18V‑5 SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth® се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот приказ (k). Во долниот дел се прикажува пренесениот текст од поврзаниот уред.
Ако не може да се воспостави врска во рок од 2 min., воспоставувањето на врската се прекинува и приказот Bluetooth® (g) трепка постојано.
GPB 18V‑5 SC: На мултифункционалниот приказ (k) се појавува <Not connected>.
По дополнителни 17 min. без воспоставување на врската, радиото се исклучува автоматски.
Воспоставување на нова врска преку Bluetooth®:
- За да се воспостави врска со нов надворешен аудио извор, притискајте на копчето Bluetooth® (21) подолго од 0,5 s. Ова исто така е можно за време на процесот на пребарување, при постојна врска или при работење со друг аудио извор.
- Радиото го стартува процесот на пребарување. За време на процесот на пребарување трепка приказот Bluetooth® (g).
- Активирајте ја врската преку надворешен аудио извор. На паметните телефони тоа обично е можно во рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува како достапен извор под името GPB 18V‑5 C xxxx одн. GPB 18V‑5 SC xxxx. Следете го упатството за користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен телефон.
- Веднаш штом ќе се воспостави врската преку Bluetooth®, постојано свети приказот Bluetooth® (g).
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се управува и преку радиото:
- За да изберете наслов и да го стартувате, притискајте го кратко копчето за пребарување нанапред (19) одн. копчето за пребарување наназад (13) додека не стигнете до саканиот наслов. Репродукцијата на избраниот наслов автоматски стартува.
- За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го копчето Mute (12). На екранот се појавува приказот Исклучување на звукот (f).
- За да продолжите со репродукцијата, повторно притиснете го копчето Mute (12), променете ја гласноста преку копчето за пребарување нанапред (19) одн. копчето за пребарување наназад (13).
- За премотување напред одн. назад во рамки на еден наслов држете го притиснато копчето за пребарување нанапред (19) одн. копчето за пребарување наназад (13) додека не стигнете до саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се притисне едно од копчињата за зачувување на програмата (17), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.
За да го отворите приказот за време во менито, кратко притиснете на копчето Clock (14).
Можете да избирате помеѓу временските формати 12 часа <12H> и 24 часа <24H>, како и да поставувате часови и минути.
Навигирајте во менито:
- Менување на поставки во менито: Вртете го копчето Clock (14).
- Зачувување на поставки во менито: Притиснете го копчето Clock.
- По зачувување на поставката за минути одн. 10 s по последното притискање на копчето Clock радиото менува се враќа на автоматски режим.
Ако времето на радиото веќе не се зачувува, заменете ги резервните батерии.
За да ги ресетирате сите поставки на радиото на фабрички поставки (Reset), притиснете го копчето Clock (14) подолго од 0,5 s. На екранот се појавува <RS>.
Вртете го копчето Clock (14), за да изберете меѓу ресетирање <YES> и враќање на актуелните поставки <NO>. Потврдете го изборот со притискање на копчето Clock.
За да ја отворите функцијата на менито, притиснете на копчето Menu (22).
Навигирајте во менито:
- Навигирање во менито: Вртете го копчето Menu (22).
- Изберете и зачувајте ја поставката на менито: Притиснете го копчето Menu (22).
- Сменете во подмени: Притиснете го копчето Menu (22).
- Сменете од подменито назад кон повисоко мени: Кратко притиснете го копчето за пребарување наназад (13). Кога ќе се достигне горното ниво на менито, радиото се враќа во режимот на аудио.
За да ја напуштите функцијата на мени од саканото ниво и да се вратите на аудио режим, притиснете го копчето за пребарување наназад (13) подолго од 1 s. Алтернативно, радиото автоматски менува на режимот на аудио 10 s по последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните батерии.
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set Time>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските формати 12 часа <12 Hour Mode> и 24 часа <24 Hour Mode> и да го поставите времето рачно. Ако кај аудио извор DAB се избере радио станица која го пренесува времето, тогаш автоматски се презема тоа време.
<Reset All>
Мени ресетирање: можете да ги ресетирате сите поставки на менито на фабрички поставки <Yes> или да вратите на актуелните поставки <No>.
<Auto Scan> (кај аудио извор DAB)
Мени автоматско пребарување на станица: можете да стартувате автоматско пребарување на станица.
<Manual Tune> (кај аудио извор DAB)
Мени рачно прилагодување: можете рачно да ја поставите саканата фреквенција.
<Display Type> (кај аудио извор DAB)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ (k):
- Информативен текст што го пренесува радиостаницата <Dynamic Label>,
- Фреквенцијата на станицата <Frequency>,
- Јачината на сигнал <Signal Strength>,
- Тип на програма што го пренесува радиостаницата <Program Type>.
<Display Type> (кај аудио извор FM)
Мени вид на приказ: може да изберете кој текст ќе се појави во долниот дел на мултифункционалниот приказ (k):
- Информативен текст што го пренесува радиостаницата <Radio Text>,
- Името на станицата <Program Service>,
- Тип на програма што го пренесува радиостаницата <Program Type>.