Вклопување на L-BOXX (види слика F)
За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат, може да прикачите L-BOXX на горниот дел од всисувачот.
- Прикачете го L-BOXX на држачите (9).
- Не всисувајте со прикачен L-BOXX. Тежиштето на всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои опасност од повреда и оштетување.
- Не го носете всисувачот на рачката за носење на прикачениот L-BOXX. Всисувачот е претежок за рачките за носење на L-BOXX. Постои опасност од повреда и оштетување.