Ставање/вадење на вреќичката за отпад или ќесата за прав (всисување на суви материи) (види слики D1–D2)
За всисување на суви материи можете да користите вреќичка за отпад (23) или ќеса за прав (опрема) во садот (1). Со тоа се олеснува складирањето на правта.
Напомена: Доколку користите хартиена филтер вреќичка мора, а при користење на платнена филтер вреќичка треба да го исклучите автоматското чистење на филтерот (AFC) .
- Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот дел на всисувачот (10).
- Ставете ја вреќичката за отпад (23) со отворот за полнење нанапред во садот (1).
- Навлечете го отворот за полнење на приклучната прирабница до крај.
- Проверете дали вреќичката за отпад (23) целосно лежи на внатрешните ѕидови на садот (1).
- Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (23) над површината на садот (1).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (11).
- Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот дел на всисувачот (10).
- Извлечете ја полната вреќичка за отпад (23) од приклучната прирабница наназад.
- Внимателно извадете ја вреќичката за отпад (23) од садот (1) без да ја оштетите.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на приклучната прирабница или на другите остри предмети. - Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете ја вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (23) под отворот за полнење со извадениот поклопец со лепливи ленти.
- Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот дел на всисувачот (10).
- Извлечете ја полната ќеса за прав наназад од приклучната прирабница. Затворете го отворот на ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената ќеса за прав од садот (1).
- Наместете ја новата ќеса за прав на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали ќесата за прав по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид од садот (1).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (11).