Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.
Паралелниот граничник (10) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.
Вметнете ја водечката прачка на паралелниот граничник (10) низ водилката во основната плоча (8). Прицврстете го паралелниот граничник (10) со пеперутка-завртка (15).
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.