Ставање во употреба
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.