Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Класа 1
Потрошувачки ласерски производ

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

Не ги ставајте прстите помеѓу подвижните делови на лизгачката рачка. Може да ги заглавите прстите и да се повредите.

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови.

Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката.

Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“.

При транспорт држете го електричниот алат само на овие означени места (жлебови за држење) или за транспортната дршка.

Никогаш не го носете електричниот алат за дршката на лизгачката рачка.

Вклучување на ласерот

Затегнувачкиот лост е отворен:

Може да се поставуваат вертикални агли на закосување.

Затегнувачкиот лост е затворен:

Ќе се задржи поставениот вертикален агол на закосување на лизгачката рачка.

Ги прикажува поединечните чекори за поставка на вертикалниот агол на закосување.
1. Отпуштете го затегнувачкиот лост
2. Малку навалете ја лизгачката рачка кон лево
3. Поставете го саканиот опсег на аголот на закосување на вртливото копче

Поставете го вертикалниот опсег на аголот на закосување на вртливото копче:

Навалување на сечилото за пила кон лево (45° до 0°)

Навалување на сечилото за пила кон десно (0° до 45°)

Вкупен опсег на навалување на лизгачката рачка (–47° до +47°)