Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Внимателно исчистете ја приемната леќа (20), излезниот отвор на ласерот (21) и камерата (22): Осигурајте се дека нема нечистотии на приемната леќа, на излезниот отвор на ласерот и на камерата. Чистете ја приемната леќа, излезниот отвор на ласерот и камерата само со средства коишто се наменети и за леќи на фотоапарати. Не се обидувајте да ја извадите нечистотијата од приемната леќа, излезниот отвор на ласерот или камерата со остри предмети и не ги бришете преку нив (опасност од гребнатини).
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (24).