Вметнување/менување на батеријата
GLM 100-25 C
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или никел-метал хидридни батерии (особено при ниски оперативни температури).
Во зависност од капацитетот, можни се повеќе мерења со батерии од 1,2 V отколку со батерии од 1,5 V.
- Притиснете го копчето за отпуштање (7) и расклопете го чивија-граничникот (8) за 180°.
- За да го отворите капакот од преградата за батерии (17) свртете го поклопецот со навој (25) нагоре и вртете го спротивно од стрелките на часовникот за една четвртина вртење.
- Подигнете го капакот на преградата за батерии (17) на поклопецот со навој (25).
- Ставете ги батериите или акумулаторските батерии.
- Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
- Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот, тогаш можни се уште само мал број на мерења.
Доколку ознаката за батерија е празна и трепка црвено, не може да мерите. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.
- Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.