Ставање во употреба

Всисувачот може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:

Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.

За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (29) од горниот дел на всисувачот (12).

Регулирање на силата на всисување

Преку регулаторот за моќност на всисување (9) можете да ја регулирате силата на всисување бесстепено.

Поставете го регулаторот за моќност на всисување (9) на максимален капацитет на всисување при работа каде се создава голема количина прав.

Поставете го регулаторот за моќност на всисување (9) на позицијата за намален капацитет на всисување при работа каде се создава помала количина прав и за регулирање на силата на всисување помеѓу приклучениот електричен алат и површините на делот што се обработува (на пр. при брусење).

Приклучница на всисувач

Штом приклучокот за напојување на всисувачот се приклучи во приклучницата и главниот прекинувач е во позиција 1, приклучницата на електричниот алат (4) е под напон. Може да се користи како надворешен приклучок за напојување на всисувачот, на пр. при работа со системи за всисување. Во позицијата 1+ е активирана старт/стоп автоматиката на всисувачот. Всисувачот може да се вклучи далечински преку поврзаниот електричен алат.