Кориснички интерфејс
Корисничкиот интерфејс служи за:
- за вклучување/исклучување на електричниот алат
- приказ за статус на електричниот алат
- за приказ за наполнетост на батеријата
- за ресетирање
Прикази за состојба
Боја на приказ за статус (2) | Значење/причина | Решение |
---|---|---|
Зелено | Електричниот алат е подготвен за употреба. | – |
Жолто | Заштита од прегревање: моторот или електрониката се премногу загреани. | Оставете го електричниот алат да се олади. Кога моторот и електрониката се опсегот на работна температура, електричниот алат автоматски се враќа во нормален режим. |
Сино | Заштита од студ: електричниот алат е премногу ладен. | Оставете го електричниот алат да се аклиматизира во топла средина. Кога моторот и електрониката се опсегот на работна температура, електричниот алат автоматски се враќа во нормален режим. |
Црвено | Откриена е блокада: втиснувачот не може да се врати во правилната положба. | Отстранете ја блокадата види Отстранете ги блокадите/ресетирање. |
Портокалова боја | Моторот е блокиран: втиснувачот не може да се доведе во правилна положба. | Отстранете ја блокадата види Отстранете ги блокадите/ресетирање. |
Сино-зелена боја | Заштита од прекумерна струја: моторот троши премногу струја. | Проверете го електричниот алат дали има блокада или голема нечистотија и отстранете ги види Отстранете ги блокадите/ресетирање. Ако дефектот постои и понатаму, контактирајте со овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати. |
Магента боја | Се препорачува одржување: превисока стапка на дефект (на пр. свиткани шајки или недоволна длабочина на набивање) | Контактирајте со овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати. |
Бела | Дефект на електрониката или сензорот | Електричниот алат е поставен во безбедна состојба и не може да се користи. Контактирајте со овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати. |
Приказ за наполнетост на батеријата (3) | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 5× зелено | 80–100 % |
Трајно светло 4× зелено | 60–80 % |
Трајно светло 3× зелено | 40–60 % |
Трајно светло 2× зелено | 20–40 % |
Трајно светло 1× зелено | 5–20 % |
Трепкаво светло 1× зелено | 0–5 % |