Менување на главата за дупчење

Вметнување/вадење на запчестата глава

GBH 240

За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење).

  • Завртете го SDS plus-вратилото за прифат (18) во запчестата глава за дупчење (17). Зацврстете ја запчестата глава за дупчење (17) со безбедносната завртка (16). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

  • Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
  • Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење.

  • Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење (17).

Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење

GBH 240 F

Вадење на заменливата глава за дупчење (види слика C)

  • Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6) држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
  • Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија.

Вметнување на заменливата глава за дупчење (види слика D)

  • Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
  • Фатете ја SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење (19), додека не слушнете дека е вклопена.
  • Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење.