Вшмукување на прав со Saugfix
Монтирање на уред за всисување (види слика I)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix. При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
- Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (12) и извадете го граничникот за длабочина (13). Одново притиснете го копчето (12) и вметнете го Saugfix однапред во дополнителната рачка (14).
- Приклучете едно црево за всисување (дијаметар 19 mm) на отворот за всисување (22) на Saugfix.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix (види слика J)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при монтиран Saugfix.
- Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS plus (3). Инаку, доколку SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
- Олабавете ја пеперутка-завртката (26) на Saugfix.
- Поставете го електричниот алат без да го вклучувате на местото каде треба да дупчите. SDS plus алатот за вметнување притоа мора да легне на површината.
- Водечката цевка (27) на Saugfix поставете ја во држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на површината за дупчење. Не ја туркајте водечката цевка (27) над телескопската цевка (25) повеќе одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно поголем дел од скалата од телескопската цевка (25).
- Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (26). Олабавете ја завртката за затегнување (23) на граничникот за длабочина на Saugfix.
- Поместете го граничникот за длабочина (24) на телескопската цевка (25), така што растојанието прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на дупчење што сакате да ја постигнете.
- Прицврстете ја завртката за зацврстување (23) во оваа позиција.