Безбедносни напомени за чекани
- Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
- Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
- Правилно прицврстете го алатот пред употреба. Овој алат произведува висок вртежен момент, и доколку не е правилно прицврстен за време на работата може да изгубите контрола и да се повредите.
- Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
- Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
- Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.
-
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
-
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
- Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
- Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
- Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.
- При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки.