Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
GBH 3-28 DRE
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
GBH 3-28 DFR, GBH 3000
Вадење на заменливата глава за дупчење (види слика C)
- Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6) држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
- Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија.
Вметнување на заменливата глава за дупчење (види слика D)
- Користете само оригинална опрема во зависност од моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за подесување (19). Дозволени се само заменливи глави за дупчење со два или три отвори за подесување. Доколку за овој електричен алат не се користи соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување може да испадне за време на работата.
- Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
- Фатете ја SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење (18), додека не слушнете дека е вклопена.
- Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење.