Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација (4) на електричниот алат за време на работата, инаку се намалува животниот век на електричниот алат.
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување осцилира до 20000 пати во минута. Ова овозможува прецизно работење на тесен простор.
Работете со низок и рамномерен контактен притисок, инаку работните перформанси ќе се намалат и алатот за вметнување може да се заглави.
Движете го електричниот алат напред-назад додека работите за да не се загрее премногу и да не заглави алатот за вметнување.
- Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
- При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
- Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување!
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. Доколку има, отстранете ги или употребете биметални листови за сечење.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.
За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.
При селективно брусење, брусниот лист може многу да се затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на површината и оставајте го брусниот лист да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за прав.
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го.