Ставање во употреба
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (5) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на рачката.
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (6) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.
- Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на број на вртежи; за работа со GFA 12-H.
- Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.
Работното светло (9) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
Работното светло (9) свети околу 10 секунди по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.