Промена на алат
Капакот за заштита од прав го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав е оштетен.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Дополнителната рачка (13) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
- Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (13) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Со граничникот за длабочина може да се утврди длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (13).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина мора да покажува нагоре или надолу.
- Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS plus. Инаку, доколку SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
- Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.