Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат прво активирајте ја блокадата при вклучување (2), а потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и задржете го.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (1) не може да се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

За отворање на доводот за вода, поставете го вентилот (16) на позиција I: водата тече постојано врз дијамантскиот диск за сечење.

За затворање на доводот на вода, поставете го вентилот (16) на позиција OFF.

Работното светло (19) се вклучува со притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (1). Откако ќе го отпуштите прекинувачот за вклучување/исклучување (1), работното светло свети уште околу 5 секунди.

Електричниот алат е опремен со заштита од преоптоварување. Ако оптоварувањето е преголемо, електрониката го исклучува електричниот алат, а работното светло (19) и приказот за статус (21) трепкаат.
Повторно вклучување: отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1). Може да го вклучите електричниот алат одново откако работното светло (19) ќе престане да трепка, а приказот за статус (21) ќе светне зелено.

(види слика D)

Приказот за статус (21) го прикажува статусот на електричниот алат според следнава табела.

Приказ за статус (21)

Причина

Решение

Зелена

Електричниот алат е подготвен за работа

Жолта

Се користи батерија со капацитет помал од 8,0 Ah, можна е работа со намалена моќност

Користете батерија со капацитет од најмалку 8,0 Ah

Батеријата е речиси празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Електричниот алат и/или батеријата ја надминале дозволената работна температура

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, оставете ја батеријата да се олади види Технички податоци

Црвено (непрекинато) и LED работното светло трепка

Електричниот алат и/или батеријата ја надминале дозволената работна температура

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади, оставете ја батеријата да се олади види Технички податоци

Заменете ја батеријата

Електричниот алат работи во опсег на преоптоварување

Сопрете ја состојбата на преоптоварување и ако е потребно, вклучете го електричниот алат повторно; ако треба, извадете ја и повторно вметнете ја батеријата, а потоа вклучете го електричниот алат одново

Црвено (непрекинато)

Интерна грешка

Отстранете ја и вметнете ја батеријата повторно, а потоа вклучете го електричниот алат одново

За таа цел, однесете го електричниот алат до овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Дискот за сечење е блокиран

Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување, извадете го дискот за сечење од делот што се обработува и почнете одново.

Црвено трепка, LED работното светло трепка и електричниот алат не се вклучува

Сте го притиснале прекинувачот за вклучување/исклучување при вметнување на батеријата

Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и продолжете со вметнување на батеријата. Откако ќе ја вметнете батеријата, затворете го поклопецот на преградата за батерија. Отклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување (со притискање на блокадата при вклучување), па потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување кога ќе сакате да го вклучите електричниот алат.