Подесување на длабочината за глодање

Со вртливото копче (19) може да ја утврдите длабочината на глодање. Вртливото копче има позиции за фиксирање за шест големини на плоснати типли.

Распоред на позициите за фиксирање според плоснатите типли и длабочина на глодање:

Позиција за фиксирање

Плосната типла

Длабочина на глодање во mmA)

0

Бр. 0

8

10

Бр. 10

10

20

Бр. 20

12,3

S

Simplex

13

D

Duplex

14,7

MAX

22

A)

Се постигнува со плочестите глодала со дијаметар од 105 mm

Граничникот за длабочината на глодање е поставен на просечна вредност. Поради толеранциите, кога користите остри плочести глодала или плочести глодала со помал дијаметар (< 105 mm), можеби ќе треба повторно да се прилагоди длабочината на глодањето. Притоа олабавете ја безбедносната навртка (20). Со вртење на завртката за прилагодување (21) во правец на стрелките на часовникот може да ја намалите длабочината на глодање одн. со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот да ја зголемите. Проверете ја подесената длабочина на глодање со пробно глодање. На крај повторно затегнете ја безбедносната завртка (20).