Промена на алат
- При менување на алатот носете заштитни ракавици. За време на долготрајни работни процеси, главата за дупчење може да се вжешти.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (5) не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.