Полнење на литиум-јонски батерии

Ако радиото е поврзано со електричната мрежа преку мрежниот приклучок (приказот за режим на струја (h) свети во статусната лента), може да се полнат една од следните батерии: Bosch литиум-јонска батерија од 18 V, батерија од 18 V на AMPShare-партнер или Bosch литиум-јонска батерија од 12 V.

Полнењето започнува автоматски кога батеријата е вметната во радиото и радиото е вклучено. Сè додека батеријата се полни, трепка последната линија на приказот за наполнетост на батеријата (j).

Ако свети приказот за грешка за режимот на полнење на батеријата (i), присутна е грешка.

Напомена: полнењето на литиум-јонските батерии може да се прекине и ако радиото работи со голема јачина на звук и истовремено се полни надворешен уред преку USB-приклучокот. За да започнете со полнење на литиум-јонски батерии, намалете ја јачината на звукот или прекинете со полнењето преку USB-приклучокот.