Репродукција на надворешни аудио извори преку AUX (види слика B)
Отворете го заштитното капаче на преградата за приклучокот (21) и ставете го приклучокот од 3,5 mm на AUX кабелот (29) во AUX конекторот (14). Приклучете го AUX кабелот на аудио извор кој одговара.
Изберете <AUX> како аудио извор. Започнете и управувајте со репродукцијата на аудио изворот.
Заради заштита од нечистотии повторно затворете го заштитното капаче на преградата за приклучок (21) ако го отстранувате приклучокот на AUX кабелот.
Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од копчињата за зачувување на програмата (6), тогаш радиото менува на станицата зачувана во последно користениот режим на работа на радиото.