Подесување на гласноста

По вклучувањето на радиото секогаш се поставува ниска гласност.

За да ја зголемите јачината на звукот свртете го копчето за јачина на звук (5) во правец на стрелките од часовникот, а за намалување на јачината на звукот свртете го во правец спротивен на стрелките од часовникот. Поставувањето на јачината на звукот се прикажува на екранот неколку секунди.

За исклучување на тонот може кратко да го притиснете копчето за јачина на звук (5). На екранот се појавува приказот Исклучување на звукот (a).

За повторно да го вклучите звукот, или кратко притиснете го копчето за јачина на звук или свртете го.