Работа со литиум-јонска акумулаторска батерија (опрема) (види слика A)
Bosch продава радија дури и без батерии. Од пакувањето може да дознаете дали со вашето радио е вклучена батерија.
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Отворете ја рачката за заклучување (18) на капакот за преградата за батерии и отворете го капакот за преградата за батерии (17).
При користење на батерија од 18 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (28), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 18 V повлечете ја рачката за отклучување на батеријата (27), така што батеријата ќе се отклучи и извади. Притоа не употребувајте сила.
При користење на батерија од 12 V турнете ја наполнетата батерија во прифатот за батерија (22), додека не се вклопи. За отстранување на батеријата од 12 V притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија (26) и извлечете ја батеријата од прифатот за батерии. Притоа не употребувајте сила.
Затворете го капакот за преградата за батерии (17) и заклучете го.