Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете ја погонската единица, финото прилагодување на длабочината на глодањето и внатрешноста на корпата за глодање. Користете чиста крпа или компримиран воздух.