Функционалност (види слика A)

Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (11) во мерна насока A до максималната длабочина на регистрирање.

При секое мерење автоматски се пребаруваат метални предмети (на пр. бакарна цевка или армиран челик) и струјни кабли (50–60 Hz).

Поставете го мерниот уред на површината којашто треба да се провери. Светлечкиот прстен (2) свети, за да се прикаже подготвеност за мерење.

Држете го мерниот уред рамномерно цврсто за рачката (8). Не менувајте ја рачката за време на мерењето и особено не посегнувајте во областа на сензорот (11).

Постојано движете го мерниот уред директно во насока B со лесен притисок над подлогата, без да го подигнувате или да го менувате притисокот. Движењето на мерниот уред треба да биде попречно на предметот што се пребарува. Ако не ја знаете насоката на предметот во ѕидот, тогаш извршете вкрстено мерење (видете слика B).

Прикази за локација:

  • Ако не се најде предмет под опсегот на сензорот, светлечкиот прстен (2) свети во зелено и се слуша сигнален тон.
  • Ако мерниот уред се приближи до некој предмет, тогаш свети светлечкиот прстен (2) во црвено. Како што се приближувате, ритамот на сигналниот тон станува побрз.
  • Над средината на предметот светат приказите Средина на предмет (1) и се слуша континуиран тон. Светлечкиот прстен (2) свети и понатаму во црвено.
  • Ако мерниот уред се оддалечи од предметот, тогаш се гасат приказите на средината на предметот (1) и ритамот на сигналниот тон станува побавен.

Средината и границите на предметот грубо се прикажуваат при првото поминување.
За прецизно лоцирање на средината на предметот, движете го мерниот уред без подигање наназад во насока на предметот, додека повторно не се прикаже средината на предметот (светат приказите за средината на предметот (1)).
За попрецизни граници на предметот, движете го мерниот уред од средината на предметот во права линија, додека светлечкиот прстен (2) повеќе не свети во црвено.

Ако се пронајде струен кабел, свети приказот за струјни кабли (4).

Ако се пронајде метален предмет (на пр. армирани шипки, бакарна цевка), свети приказот за метален предмет (5).

Отворот за означување (3) се наоѓа над мерниот центар. Овде можете да ја означите средината или границите на предметот доколку е потребно.

Напомена: по означувањето на предметот преку отворот за означување (3) (на пр. со пенкало) мора да започнете ново мерење, бидејќи пенкалото може да влијае на мерењето.

  • Кабелот мора да спроведува струја. Поради тоа приклучете ги струјните потрошувачи (на пр. светилки, уреди) на струјниот вод што се пребарува. Вклучете ги струјните потрошувачи за да сте сигурни дека има струја во струјниот вод.
  • Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот вод мора да го достигнува мерниот уред. Ако кабелот е во влажни ѕидови (на пр.. влажност на воздухот > 50 %), зад метални фолии (на пр. на топлински изолации) или во празна метална цевка, сигналот на мерниот уред не достигнува и кабелот може да не биде пронајден.
  • Мерниот уред мора да е добро заземјен. За тоа цврсто држете ја рачката (без ракавици) (8). Внимавајте да имате добар контакт со подот. Изолираните чевли, скали или платформи можат да го попречат контактот. Самиот под мора исто така да е добро заземјен, инаку нема да може да се лоцира кабелот.
  • Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот кабел мора да е појак преку кабелот отколку во директната околина. Ако ѕидот е многу влажен или лошо заземјен, сигналот е еднакво јак преку целиот ѕид. Тогаш мерниот уред покажува на голема површина дека е најден сигнал, но не може точно да го лоцира кабелот.
    Во овој случај може да помогне ако вашата слободна рака ја држите на ѕидот на растојание од 20–30 cm од мерниот уред, за да се спроведе сигнал од ѕидот. Сепак, позицијата на слободната рака не треба да се менува за време на процесот на мерење.
  • Повеќефазни струјни кабли (познати како трофазна или струја со висок напон) не може да се лоцираат како струјни кабли, бидејќи сигналот на различните фази се поништува еден со друг. Но, повеќефазните струјни кабли може да ги лоцирате на мала длабочина, но како метален предмет.
  • Проводните ѕидни површини како што се одредени плочки може да предизвикаат да не се прикажуваат струјните кабли или светлечкиот прстен (2) да свети црвено на голема површина.
  • Рамно поставените струјни кабли (до максимална длабочина од 2–3 cm) може дополнително да се прикажат како метален предмет. Сепак, ова не важи за каблите со кабелски снопови.
  • Исклучете ги потрошувачите на струја и исклучете ги електричните кабли под напон, пред да дупчите во ѕидови, плафони или подови, сечете или глодате. По сите работи проверете на подлогата да нема предмети кои се под напон.

  • Пошироките предмети може да се детектираат со црвеното светење на светлечкиот прстен (2) на широка површина. Под одредени околности, широките предмети не се прикажуваат во целост.
  • Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да се заштитите од опасности и со помош на други извори на информации. Бидејќи на мерните резултати може да влијаат околните влијанија или составот на ѕидот, можна е опасност, иако не се слуша звучен сигнал и светлечкиот прстен (2) свети во зелено.