Ставање/менување на батерии

За работење со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или NiMH-акумулаторски батерии.

За отворање на поклопецот на преградата за батерии (12) притиснете на блокадата (13). Отстранете го поклопецот на преградата за батерии.

Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Ставете го поклопецот на преградата за батерии (12) и фиксирајте го.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.