Ставање во употреба
За вклучување на електричниот алат прво притиснете го механизмот за заклучување на задниот дел на алатот (6) . Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Работното светло (14) при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (5) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.
За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5). Потоа, притиснете го механизмот за заклучување на предниот дел од електричниот алат (6) , за да спречите ненадејно вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Може да ја регулирате брзината на сечилото на пилата со подвижна лента во зависност од тоа колку силно ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Со вртливото копче (4) може претходно да ја поставите брзината на движење на лентата и да ја менувате за време на работата.
Вртливо копче за претходно избирање на брзината | Брзина на движење на лентата (m/min) |
---|---|
1 | 30 |
2 | 45 |
3 | 65 |
4 | 85 |
5 | 100 |
6 | 115 |
Неопходната брзина на движење на лентата зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.