Совети при работењето

Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.

Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максималниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.

Еден вртежен момент зависи од следните фактори:

  • Цврстината на завртките/навртките
  • Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
  • Цврстина на материјалот што се навртува
  • Подмачканост на завртките

Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:

  • Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари ѝ штети на машината.
  • Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци.
  • Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.

При лежиште со пружина одн. меко лежиште максималниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.

Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90% (при број на триења μвк. = 0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.

Класи на цврстина според DIN EN ISO 898

Стандардни завртки

Завртки со висока отпорност

3.6

4.6

4.8/5.6

6.8

8.8

10.9

12.9

M16

57

76

96

153

206

302

354

M18

80

106

133

212

295

421

492

M20

112

150

187

300

415

592

692

M22

151

202

252

403

567

807

945

M24

193

257

322

515

714

1017

1190

M27

284

379

474

759

1050

1496

1750

M30

386

515

644

1031

1428

2033

2380

M33

523

697

871

1395

1928

2747

3214

Совети

Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.

Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Спојка за скали

Со спојката за скали (4) може да го закачите електричниот алат на пр. на скала.

Завртката за спојката за скали мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 2,0–2,5 Nm.