Ставање во употреба

За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави I.

За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави 0.

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ставете го во исклучена положба и одново вклучете го електричниот алат.

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.