Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.

Не користете обични акумулаторски батерии (на пр. никел-метал хидрид).

  • Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ако акумулаторската батерија е отстранета од мерниот уред, зелените LED-светилки на приказот за наполнетост на акумулаторската батерија ја покажуваат состојбата на наполнетост.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост или , за да се прикаже состојбата на наполнетост.

Доколку по притискањето на копчето за приказот за наполнетост не свети LED светилка, акумулаторската батерија е дефектна и мора да се замени.

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Тип на батерија GBA 18V...

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 3 × зелено

60–100 %

Трајно светло 2 × зелено

30–60 %

Трајно светло 1 × зелено

5–30 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %

 

Тип на батерија ProCORE18V...

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 5 × зелено

80–100 %

Трајно светло 4 × зелено

60–80 %

Трајно светло 3 × зелено

40–60 %

Трајно светло 2 × зелено

20–40 %

Трајно светло 1 × зелено

5–20 %

Трепкаво светло 1 × зелено

0–5 %

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Поставете ги батериите во батерискиот адаптер (22). Внимавајте на точноста на половите согласно приказот на батерискиот адаптер.

  • Батерискиот адаптер е наменет исклучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

  • Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.

За менување на акумулаторска батерија/батерии притиснете на механизмот за заклучување (2) на капакот од преградата за батерии во позиција и отворете го капакот од преградата за батерии (1).

Вметнете ја или наполнетата акумулаторска батерија (24) или батерискиот адаптер (22) со ставените батерии колку што може во преградата за батерии, додека не се вклопи.

За вадење на акумулаторската батерија (24) одн.батерискиот адаптер (22) притиснете ги копчињата за отклучување (23) и извлечете ја акумулаторската батерија одн. батерискиот адаптер од преградата за батерии. Притоа не употребувајте сила.

Затворете го капакот од преградата за батерии (1) и притиснете го механизмот за заклучување (2) во позиција .

Приказ за наполнетост (d) на екранот ја покажува состојбата на наполнетост на акумулаторската батерија одн. батериите:

Приказ

Капацитет

60−100 %

30−60 %

5−30 %

0−5 %

Ако акумулаторските батерии одн. батериите се празни, за неколку секунди се појавуваат пораката за предупредување и приказот за статус (12) трепка црвено со брзо темпо. Потоа исклучете го мерниот уред.