Наменета употреба
Дувалката за топол воздух е наменета за преобликување и заварување на пластика, отстранување на слоеви боја и за загревање на термособирачки црева. Таа исто така е погодна за олабавување на залепени споеви и за одмрзнување на водоводи.
Дувалката за топол воздух е наменета за рачна, надгледувана употреба.
- Не користете дувалка за топол воздух во потенцијално експлозивна средина, во близина на запаливи материјали или запалива прашина.