Полнење на батеријата

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. Нивото на полнење не е доволно за да го стартувате уредот. За да ја наполните целосно акумулаторската батерија, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Вадење на батеријата (види слика A)

За да ја извадите батеријата (7) притиснете на двете копчиња за отворање (11) и извлечете ја батеријата надолу од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата (жолта LED светилка)

Приказ за наполнетост на батеријата 

Значење

Трепкаво светло + звучен сигнал

Полнење на батеријата:
Можни се само уште 6–8 завртувања.

Трајно светло + звучен сигнал

Капацитетот не е доволен за ново завртување или електричниот алат е преоптоварен:
Електричниот алат не може да се вклучи.

  • Извадете ја батеријата и ставете ја целосно наполнетата батерија.

Трепкаво светло

Електричниот алат е прегреан и надвор од употреба:

  • Почекајте додека трепкањето не престане автоматски по некое време, пред повторно да го вклучите електричниот алат.

При вметнување на батеријата (7) и при притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8), приказот за наполнетост на батеријата  го покажува статусот на наполнетост на батеријата за 5 секунди.

Приказ за наполнетост на батеријата 

Капацитет

Зелено

60–100 %

Жолто

30–60 %

Црвено

0–30 %