Ставање во употреба

Доколку сакате да го стартувате електричниот алат, најпрво треба да го подесите правецот на вртење со прекинувачот за правец на вртење (9):
Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за правец на вртење (9) не стои во средината (блокада при вклучување).

  • Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
  • Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.

Одвртувачите имаат спојка за исклучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент.

  • За вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) до крај.
  • Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.
  • При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне.

При преоптоварување, електричниот алат се блокира, додека не се постигне повторно оптималната температура. Отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и повторно вклучете го електричниот алат, за да може да продолжите да работите.

Електричниот алат не работи со оптимална ефикасност под 50 % број на вртежи. Ова може да предизвика порано активирање на заштитата од преоптоварување на температурата. Доколку има проблеми со овие поставки, конфигурирајте ја излезната брзина над 50 % или намалете го максималниот искористен вртежен момент.