Конфигурација на електричниот алат

Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator од верзија 5.2 и понова, на електричниот алат може да се конфигурираат различни поставки (на пр. број на вртежи, степени на завртување, заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC. Користете USB-кабел:
USB 2.0 Тип A/Micro-USB 2.0 Тип B

Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни напомени и инструкции во упатството за употреба на софтверот.