Совети при работењето

Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек.

За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување (20) што е испорачан со уредот.

  • Притиснете го поклопецот за спојката  кон наназад.
  • Вметнете го алатот за поставување (20) во малата испакнатина (плочка за подесување (21)) на спојката и завртете го (20).

Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен момент.

  • Извадете го алатот за поставување (20). Притиснете го поклопецот за спојката  додека не се затвори отворот, за да се заштити спојката од нечистотија.

Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен момент.

  • Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување.
  • Редовно проверувајте го вртежниот момент.

Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за исклучување се отпушта. LED-приказот (5) свети зелено.

Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (5) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш.

Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува. Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе фиксираните спојници.