Приказ за наполнетост на батеријата

При вметната акумулаторска батерија, состојбата на наполнетост на батеријата (26) можете да ја видите на екранот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија.

Приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија (b) се појавува на екранот, веднаш штом се вметне акумулаторска батерија со доволен напон и радиото не е поврзано со струјна мрежа.

Приказ

Капацитет

80−100 %

60−80 %

40−60 %

20−40 %

5−20 %

0−5 %

Ако ја извадите акумулаторската батерија од радиото, состојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED-светилки на приказот за состојба на наполнетост на акумулаторската батерија.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Тип на батерија GBA 18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3× зелено

60−100 %

Трајно светло 2× зелено

30−60 %

Трајно светло 1× зелено

5−30 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %

 

Тип на батерија ProCORE18V...

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 5× зелено

80−100 %

Трајно светло 4× зелено

60−80 %

Трајно светло 3× зелено

40−60 %

Трајно светло 2× зелено

20−40 %

Трајно светло 1× зелено

5−20 %

Трепкаво светло 1× зелено

0−5 %