Работа со батерија
- Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија која се користи за Вашето радио.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за Вашето радио може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истото.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку акумулаторската батерија е испразнета, радиото се исклучува со заштитен прекинувач.
- Не го вклучувајте радиото повторно откако е исклучено преку заштитниот прекинувач. Батеријата може да се оштети.
Промена на акумулаторска батерија
Отворете ја рачката за заклучување (28) на капакот за батеријата и отворете го капакот за батеријата (27).
За Отстранување на акумулаторската батерија притиснете го копчето за отклучување на акумулаторската батерија (25) и извлечете ја батеријата од преградата за батерии. Притоа не употребувајте сила.
За Вметнување на акумулаторската батерија, вметнете ја истата во прифатот за батерии (29), така што приклучоците на батеријата ќе легнат на приклучоците на прифатот за батерија. Батеријата треба да се вклопи.
Затворете го капакот за батеријата (27) и заклучете го.