Проверка и подесување на основните поставки
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.
- Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Проверка: (види слика K1)
- На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
- Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
- Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
- Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
- Прицврстете го делот што се обработува.
- Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување: (види слика K2)
- Свртете ја завртката за поставување (35) со испорачаниот крстест одвртувач (12), додека ласерскиот зрак не дојде во паралела со целокупната должина на линијата на сечење на делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на агломерот (види слика L)
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Отпуштете ја затезната дршка (13) на аголниот граничник (6).
- Свртете го аголниот граничник (6) до крај во 0°-позиција.
Проверка
- Поставете аголно мерило на 90° и ставете го меѓу аголниот граничник (6) и сечилото за пила (31) на масата за сечење (25).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со аголниот граничник по целата должина.
Подесување
- Завртете го аголниот граничник (6) додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
- Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (13).
- Олабавете ја завртката (36) со испорачаниот крстест одвртувач (12) и подесете го агломерот по должина на ознаката 0°.
- Повторно зацврстете ја завртката.